Околу триесеттина бегалци од Африка и Азија од кои половината се од Сирија денеска пред зградата на полицијата на Ваљево чекале документи со кои може да се сместат во веќе преполниот центар за сместување азиланти во Боговоџа. Додека не добијат кревет, туш и оброк во Центарот за згрижување, после месеци бегство од војната која ја зафати нивната татковина, Сиријците спијат под ведро небо во шумите, парковите и дворовите на викендиците во околината на Ваљево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.