| четврток, 6 декември 2018 |

Европски санкции за Хрватска

Јосип Перковиќ

Јосип Перковиќ

Членовите на Европската комисија го поддржаа предлогот на потпретседателката на ЕК Вивиен Рединг, која е одговорна за судство, државјанство и човекови права, на Хрватска да и бидат воведени санкции.
Рединг заедно со претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо и еврокомесарот за проѓирување Штефан Филе во петокот ја информирале Комисијата дека Хрватска ги прекршува одредбите на европскиот налог за екстрадиција.
Причина за ваквиот потег на ЕК е т.н. „lex Перковиќ“, односно законот за правосудна соработка во кривичните дела со членките на ЕУ, кој веќе со месеци предизвикува големо внимание во јавноста.
Се смета дека овој закон ќе го поштеди од апсење и екстрадирање поранешниот висок функционер на југословенската тајна служба Јосип Перковиќ, по кого Германија има распишано потерница поради сомнеж дека учествувал во организирање убиства на повеќе хрватски дисиденти, меѓу кои и некогашниот директор на ИНА Стјепан Ѓурековиќ во текот на 80-тите години од минатиот век.
За Хрватска ова би можело да значи проблем за влез во Шенген зоната, како и губење на средствата предвидени за помош при унапредување на контролата на границите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top