Со четири истрели од пиштол, тешко е повреден шефот на бугарското подземје, Златомир Иванов –Баретата, пренесува Канал 5.
Баретата бил застрелан додека о својот телохранител го чекал сопственото судење за убиство пред Палатата на правдата. Шефот на бугарското подземје завршил со повреди во нозете, рацете и стомакот. Исто така, бил повреден и телохранителот на Златомир.
Нападот врз Иванов бил извршен пред тој да вложи жалба на првостепената пресуда според која е осуден на 8 години затвор за трговија со дрога и серија убиства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.