| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Војната не е завршена

тачи

За лидерот на Демократската Партија на Албанците Мендух Тачи војната помеѓу Албанците и Македонците не е завршена туку таа е во еден тајм аут. Таа војна продолжува и оваа е поризична зошто таа продолжува во подземјето каде двете страни ги зазеле своите позиции, вели Тачи во итервју за приштинскиот дневен весник „Зери”, пренесува порталот shqip.republika.mk.

Мендух Тачи  предупредува дека Македонија ќе се уништи многу бргу ако не пристапи сериозно Албанците и Македонците да бидаат рамноправни во донесување одлуки во државните институции, затоа што Албанците сеуште таму се само како фигури.

За неговиот политички противник Али Ахмети, Тачи вели дека тој работи за македонските интереси.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top