| четврток, 6 декември 2018 |

Фотогалерија: Најсекси жени за 2013 според ФМ магазинот

Џорџија Салпа е ирска манекенка со грчко потекло, а со популарност се здобила преку појавување во ТВ емисии. После учеството во британското издание на Големиот брат, Џорџија и покрај краткиот престој во куќата успеала да ја заведе јавноста.

Шерил Кол е британска пејачка и танчарка која музичката кариера ја започнала во талент шоу. Шерил е и често фотографирана, има направено насловна за Вог и се смета за една од жените кои ги поставуваат модните трендови во Велика Британија.

Кејт Аптон својот пат до ѕвездите го пронајде фотографирајќи се во костим за капење на Спортс Илустрејтед. За само две години стана едно од најпознатите имиња меѓу моделите за костими за капење.

Пикси Лот е 22-годишна Британка, која не се ни трудела да се наметне како убавица, но е позната како пејачка, текстописец и танчарка.
Кајли Куоко е американска актерка која стана популарна со улогата на Пени во „The Big Bang Theory“.

Кели Брук е 34-годишна манекенка, актерка и ТВ презентерка од Англија и веќе долго време е присутна во шоу бизнисот. Често го наоѓа своето место на овие листи.

Мишел Киган се уште ја чека својата голема шанса во шоу бизнисот, а во меѓувреме, кариера гради користејќи ја својата егзотична убавина додека флертува со телевизиските камери.

Хелен Фланаган е британска актерка и модел, и не ни е баш позната, но според ФХМ магазинот таа е најсексапилната Британка оваа година.

Ријана е на самиот врв на листата што не е никакво изненадување с оглед на сексапилот на најпознатата жена од Барбадос.

Мила Кунис, Американка со украинско потекло, докажува дека разголените дами изгледа излегуваат од мода и дека мажите конечно развиле вкус за помалку очигледен сексапил.

sz6 sz5 sz4 sz3 sz2 sz1 sz

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top