| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени ромските Бони и Клајд

dibrani

Во стилот на американските криминалци, потоа и историски личности Бони и Клајд, еден скопски Ром и неговата невенчана сопруга ограбувале дуќани и куќи низ градот.

Во денешното соопштение на СВР Скопје се наведува:

„СВР Скопје поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против лицата Д.М. (20), M.К. (22), Џ.Р. (41) и малолетната А.Д. (15) сите од Скопје поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела и тоа “тешка кражба од останати објекти“ и “тешка кражба од куќа“.

Имено пријавените Д.М., неговата невенчана сопруга М.К. и Џ.Р. кривичното дело тешка кражба го извршиле на тој начин што со претходна опсервација на ул. “Митрополит Теодосија Гологанов“ го одбрале локалот 23 сопственост на Г.Г. (во ТЦ “Олимпико“) каде што дошле со ПМВ марка “Рено“ со непознати регистарски ознаки, и незабележани од никого насилно делувале со голем штравцигер и со силно туркање успеале да ја отворат вратата од локалот влегле внатре и одзеле дел од компјутерска опрема што била сместена на рафтовите во локалот.

Меѓутоа од страна на обезбедувањето на трговски9от центар биле забележани на северниот дел од паркингот како носат предмети при што се уплашиле и предметите кои претходно ги ставиле во три големи картонски кутии со се предмети од кривичното дело ги оставиле во тревникот близу трговскиот центар, влегле во ПМВ и го напуштиле лице местото. Пријавените не успеале да се стекнат со противправна имотна корист.
Од страна на Единицата за истрага на местото на настанот и вештачење извршена е крим-техничка обработка на лице местото каде што од картонските кутии кои ги носеле сторителите биле обезбедени и подигнати траги од папиларни линии извршена е фотолабараториска и криминалистичко техничка обработка, извршена е компаративна анализа со вештачење така што со наодот се потврди со сигурност дека трагите потекнуваат од дланката на левата рака на пријавеното лице Д.М..

Во ПС од ОН Кисела Вода со првопријавениот заедно со второпријавената обавен е разговор каде што истите во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.. Со третопријавениот не е извршен службен разговор бидејќи истиот во моментов е недостапен за органите на прогонот.
Инаку Д.М. заедно со М.К. и пријавениот малолетник Д.А. како и со друг помал малолетник минатата недела, поточно на 12.09. извршиле уште едно кривично дело – “тешка кражба“ на ул. “Рилски Конгрес“ во куќа сопственост на Б.М.

Тешката кражба ја извршиле на тој начин што додека малолетната А.Д. внимавала да не наиде некој во близина на самото возило, а М.К. чувала стража на другиот агол, Д.М. заедно со детето С.А. ја скокнале оградата од дворот на самата куќа влегле во дворот. Зад куќата на поставена маса која се наоѓала во дворот ставиле столица се качиле на истата и потоа се префрлиле на балконот од куќата, и насилно делувале на балконската врата а потоа со туркање ја отвориле вратата која води во детската соба. Влегле во просториите и извршиле пребарување при што пронашле и одзеле еден лап топ компјутер, дрвена и метална кутија во која имало еден рачен часовник марка “Касио“ и разна бижутерија.

Пријавените биле забележани од повеќето соседи како сомнително се движат и од нивна страна известена е полицијата, при што од припадници на единицата АЛФА сите тие биле затекнати на лице место на извршување на кривичното дело и истите се приведени во ПС ОН Кисела Вода. СВР Скопје работи на расчистување и на други дела извршени од страна на истите сторители за што ќе следи дополнителен поднесок, а пријавените Д.М., М.К. и Џ.Р. минуваат во казнена евиденција на СВР Скопје.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top