Вчера попладне, скопјанецот М.Н. пријавил вооружен инцидент во скопско Крушопек. Поради претходна расправија, неговиот соселанец М.Р. извадил пиштол, го репетирал и го вперил кон него, заканувајќи му се дека ќе го убие.
Околу 2 часот, неколку лица со автомобил “Голф-3“ дошле пред куќата на семејството на М.Р. и од огнено оружје пукале кон куќата. Насилниците го оставиле возилото и пешки избегале од местото на инцидентот. Полицијата излегла на лице место и пронашла 10-15 чаури од пиштол.
Во тек се мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре