| четврток, 6 декември 2018 |

Рама: Албанците го живеат најдобриот историски момент

Edi-Rama-Hashim-Thaci

Новиот албански премиер Еди Рама, кој пред само два дена ја презеде премиерската функција, денеска го посети Косово. На средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи, се согласиле дека Албанците никогаш немале подобра позиција во регионот од сегашната.

Според Рама, Албанците го живеат најдобриот историски момент во регионот.

– Нашата надворешна политика ќе биде да нема проблеми со соседите што ќе значи дека ќе направиме се што е можно за да се гарантираат целосна слобода и права на сите Албанци без разлика каде се наоѓаат во овој регион – рекол Рама.

Во октомври, владите на Албанија и на Косово ќе имаат зедничка владина седница на која, како што најавија, ќе почне процесот за стратешка соработка меѓу двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top