| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП гласа за механизмот за суспензија на безвизниот режим

европарламентЕвропскиот парламент денеска гласа за механизмот за привремена суспензија на безвизниот режим. Според словенечката европратеничка Тања Фајон овој механизам е потенцијална опасност за западниот Балкан.

– Можното замрзнување на безвизното патување може да има многу штетни последици за процесот на проширување. Тоа уште повеќе ќе ги зајакне антиевропските чувства во тие земји но ќе се засили и нетолеранција кон малцинствата, кои денес се најчестите баратели на азил. Земјите од Западен Балкан во спротивно треба да се подобрат условите за Ромите, иако тие се, искрено кажано, подобро интегрирани во општеството во Србија и Македонија, отколку во некои земји-членки на Европската унија .

Не постои директна закана денес за повторно воведување на визите за една или повеќе земји од Западен Балкан, додава Фајон.

-Бројот на лажни баратели на азил е се уште значајно , сепак помал од минатата година. Европските влади затоа веројатно нема да имаат причина да веднаш го активира механизам. Опасноста е националистички и популистички сили во Европа, кој може да го искористи механизмот како политичка алатка за да се добие домашната политичка поддршка.

лажни азилантиДржавите од Европската унија го побараа овој механизам откако „падна“ шенгенската рампа за државите од Западен Балкан и откако за кратко време потоа се формираа редици на оние кои бараа азил, а притоа немаа основа за тоа. На удар беа Белгија, Данска, Германија, но по укажувањата, владите во Македонија и Србија презедоа мерки со кои се стопираше бранот баратели на азил.

Според кажувањата на оние кои беа депортирани, покрај бизнисот на „туристички агенти“ кои организираат цели автобуси со азиланти за пари, патувањето за дел од сиромашните ромски семејства беше исплатливо и заради помошта која ја добиваа во странство. Така, во дел од европските држави пред да бидат вратени на балканот, лажните азиланти добиваа и по неколку илјади евра помош по член. Така , петочлено семејство по една недела бесплатен престој во прифатилиштата, беа депортирани со по десетина илјади евра во џеб. Доволен поттик и за други семејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top