| четврток, 6 декември 2018 |

Мексико шампион на Јужна Америка, соиграч на Перо Антиќ, МВП на турнирот

Кошаркарската репрезентација на Мексико, за првпат во историјата на шампионатите на американскиот континент, ја освои титулата, а најкорисен играч на турнирот е Густаво Ајон, новиот соиграч на Перо Антиќ во Атланта хоукс. Ајон со 20 поени во финалето против Порторико го предводеше Мексико кон најголемиот успех. Натпреварот заврши со резултат 91-89, а Ајон одигра одличен турнир во Венецуела и ќе му биде конкурент на македонскиот ас Антиќ во битката за подобра минутажа во Атланта. И двајцата се крилни центри, со таа разлика што Перо ќе дебитира во НБА, а Ајон ќе ја игра втората сезона, откако првата ја мина во Милвоки бакс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top