| четврток, 6 декември 2018 |

Летонија и Украина на премиерата од втората фаза на ЕП во Словенија

Репрезентациите на Летонија и Украина денеска од 14,30 часот ќе играат во премиерниот натпревар од втората фаза на Евробаскетот во Словенија.

За Летонците е „да се биде или не“, бидејќи тие го почнуваат вториот круг без бодови, за разлика од Украина која има два бода во новоформираната Е група.

Подоцна од 17,45 ќе играат Белгија и Србија, а во вечерниот термин Франција ќе се обиде да ја победи Литванија и да си обезбеди пласман во четвртфиналето. Првите 4 селекции од двете групи ќе се вкрстат меѓусебе во четвртфиналните дуели по принцип првопласиран со четвртиот, втор со трет…

Во новоформираните групи, меѓусебе нема да играат репрезентациите што беа во иста група во првата фаза од натпреварите на ЕП, бидејќи се пренесуваат бодовите од тие дуели.

Група Е: Франција и Србија по 4 бода, Литванија и Украина по 2, Летонија и Белгија без бодови.

Група Ф: Италија 4, Шпанија, Словенија, Финска и Хрватска по 2 и Грција без бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top