| четврток, 6 декември 2018 |

И покрај најавите Мио сѐ уште не ѝ се предал на полицијата

mio

Владимир Поп Христов- Мио, брат на притворениот Кирил Поп Христов – Кили повторно најавил дека ќе ѝ се предаде на полицијата, и тоа ова утрово.

Но, тоа не го сторил, барем не до 10 часот, како што нè информираа од МВР.

Во меѓувреме, семјството на Кили ја комлетира медицинската документација, според која треба да се потврди дека Кили има здравствени проблеми, со што на адвокатот ќе му биде овозможено да го формулира барањето Кили да се брани од слобода. Кили и Мио барањата за да се бранат од слобода ќе ги основаат и врз база на докази дека марихуаната ја користеле за лична употреба, а не за продажба на трети лица.

Владимир Поп Христов- Мио на својот профил на „Фејсбук“ за време на престојот во Грција, а по објавувањето на веста за приведувањето на неговиот брат како и тоа дека полицијата трага по него напиша:

-Ќе ви ја ја кажам приказната во кратки црти бидејќи се изначитав глупости лаги и измислици. На Кили му е дијагностициран тумор кој по конвенционален медицински пат не би сакале да го лечиме поучени од скората смрт на нашите родители (мајка ми умре од рак пред неколку мецеси благодарение на нашите доктори, а татко ми од тумор, исто така, благодарејќи им ним).

Седнав и почнав да барам на интернет кои други начини и лекови постојат. По многу прочитани независни научни трудови и статии како најсилен односно единствен лек за рак моментално е токму марихуаната, но не сатива, туку индика или медицинска марихуана. Ги купивме семките и ги посадивме.

Во ниеден момент тоа не го правевме тајно бидејќи јас нарачките ги правев од мојот мејл. Полицијата замислете, шест месеци арчела време, ангажирала луѓе, не следеле, пустеле, правеле за на крај нивниот плен од плантажите на Кили е цели 35 грама, да добро прочитавте, 35 грама.

Не е вистина дека се 80 саксии, туку се 40 саксии. Јас немам потреба да лажам, ниту губам ниту добивам нешто со тоа. За крај, нашата мила министерка многу милува да каже дека никој не е над законот, но јас ќе и кажам дека ЖИВОТОТ е над законот, особено животот на мојот брат е над сите закони, вклучувајќи го и вашиот закон госпоѓо министерке. Знаејќи го ова, мислам дека дојде време ако не за легализација, барем за декриминализација на ова растение од самиот Бог дадено, пишува братот на Кили, Владимир Поп-Христов- Мио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top