| четврток, 6 декември 2018 |

Невладина организација ќе го блокира Блаце

blace1

Македонските превозници и денеска ги блокираа граничните премини Блаце и Јажинце, поради што сообраќајот за сите видови возила е во прекин во двата правцa.
На граничниот премин Блаце денеска ќе се одржи и собир на граѓани кој го организира невладината организција „Движење за заедничка визија“.
Граѓаните ќе побараат владите на Македонија и Косово со преговори да најдат трајно решение прифатливо за двете страни.
„Ги информираме членовите и сите граѓани дека во 17 часот ќе реализираме организирано патување до граничниот премин Блаце, каде што на собир ќе побараме итни преговори меѓу двете влади. Едниот дел од членовите на организацијата ќе тргнат од кај Општината Чаир, додека другите од кај трговскиот центар ’Мавровка’“, пишува во соопштението од невладината „Движење за заедничка визија“.
Собирот како што е соопштено ќе се одржи само ако и денеска граничниот премин не биде отворен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top