| четврток, 6 декември 2018 |

Велшани направија притисок, Колмен мораше да го стави Бејл во игра

Велшките навивачи, јавноста и медиумите направија страшен притисок на фудбалската федерација и посебно на селекторот на „Змаевите“ Крис Колмен, па Герет Бејл мораше да влезе во игра против Србија, вечерва. Најскапиот играч на светот, чиј трансфер од Тотенхем во Реал Мадрид чинеше 100 милиони евра, сепак не помогна да се избегне поразот од 0-3 во Кардиф. Бејл ги одигра последните половина час.

Медиумите во Велс, навивачите и целата јавност беа бесни поради „сугестијата“ на Реал Мадрид, Бејл да не игра против Македонија во Скопје.

„Кој е Реал да ни наредува“ или „Колмен ја свитка опашката“ беа само дел од насловите во медиумите, по барањето на Реал до фудбалската федерација на Велс, да го поштеди Бејл. Притисокот беше голем, па селекторот одлучи да не ја почитува докрај сугестијата на „кралскиот клуб“ од Мадрид и му даде шанса на 23-годишниот фудбалер да игра од 58. минута против Србија. Сепак „орлите“ беа пресилни за Велс и славеа со 3-0.

Реал Мадрид стравуваше скапата инвестиција да не се повреди, бидејќи Бејл речиси цел месец не тренираше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top