Цените на горивата во земјава од полноќ ќе се зголемат за 1,5 до 2,5 денари за литар, по најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на бензините ќе порасне бензините ќе се зголеми за 1,5 денари, така Еуросупер БС – 95 ќе се точи за 83,50 денари за литар, а Еуросупер БС – 98 за 85 денари за литар. Дизелот поскапува за 2,5 денари и новата цена ќе изнесува 73 денари.
Поскапува и екстра лесното масло за домаќинства за три денари и новата цена е 62 денари за литар. Мазутот поскапува за 1,171 денари и од полноќ ќе се продава за 42,774 денари за килограм.
Од Регулаторна објаснуваат дека зголемување се должи на повисоката цена на суровата нафта во изминативе две недели и зголемениот курс на денарот во однос на доларот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.