Целосно запрен е протокот на стока и патници на граничниот премин Блаце. Десетина македонски камионџии револтирани од последните случувања и трговската војна помеѓу Македонија и Косово, од 19 часот целосно го оневозможија движењето на возилата.
Десетина камиони од Здружението на превозници „Макамтранс“ и уште четири авотбуси ја блокираат границата, поделени во две групи. Едни го запреа делот каде минуваат патници и автомобили, а другите го блокираат преминот за камиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


