Голманот на Барселона, Виктор Валдес, најави заминување од Камп Ноу, следното лето кога му завршува договорот со каталонскиот клуб.
Валдес кој има 31 година, веќе 10 сезони е прв голман на гигантот од Барселона, а според најавите ќе ја менува средината во која е речиси 20 години.
„Единицата“ на лидерот во шпанското првенство не беше дел од триото Меси, Чави и Иниеста кое доби нови подобрени договори во Барселона и оттаму се претпоставките дека е незадоволен од третманот. Претседателот на Каталонците, Сандро Росел, вели дека ќе се обиде да ја промени одлуката на Валдес.
-Ние би сакале Виктор да ја продолжи кариерата во Барселона. Вратите во клубот остануваат отворени за него – вели Росел.
Валдес со Барса освои пет титули во Шпанија, и три круни во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст