| четврток, 6 декември 2018 |

Во Струга нема македонски знамиња ни на Денот на независноста (ФОТО)

Ни најголемиот државен празник 8-ми Септември не беше доволно голем мотив Општина Струга да ги постави државните знамиња на јарболите во градот.

Во градот како да не се празнува денот на независноста на Р. Македонија, реагираат од невладината “Каприкорн 2010” Струга.

Ова е втор пат локалната самоуправа да не го истакнува македонското знаме, откако и на Илинден  градските  јарболи останаа празни. И покрај ветувањето на градоначалникот Села дека „ненамерната” грешка нема да се повтори, сонцето на црвена подлога го немаше на ниеден јарбол.

„Каприкорн 2010” апелира до општинските власти да не си поигруваат со националните чувства на стружани и пред се да ги почитуваат државните закони затоа што Струга била и се уште е дел од Р. Македонија,стои во писмената реакција   на “Каприкорн 2010” Струга.

Фото: Канал 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top