| четврток, 6 декември 2018 |

Проекти за санација на браните Пишица и Златино

brana-slatinoСе работи на проектот за целосна санација на браната Пишица, која во февруари попушти и поплави земјоделски површини и куќи по течението  на Злетовска река и Брегалница во општините Пробиштип, Карбинци и Штип.
Државниот секретар за животна средина Соња Лепиткова очекува проектот, со кој ќе знае колку пари ќе чини целосната санација, да биде готов кон крајот на октомври.
– Заедно со Министерството за земјоделство ќе направиме се браната Пишица да се санира и да се обезбедат потребните средства. Исто тоа го правиме и за браната Слатино, затоа што навистина е потребно и за двете месни заедници, тоа да се заврши, вели Лепиткова.
Таа истакна дека Министерството за животна средина строго го контролира рибниот фонд во браната Пишица, со цел да не дојде до изумирање на рибите. Според Лепиткова веќе од наредната година ќе се обезбедат средства со кои ќе се санира браната Пишица, која се наоѓа во непосредна близина на пробиштипското село Пишица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top