Шеесетгодишната Мубие Д. од Штип починала како последица од срцев удар по семејна расправија, меѓу нејзиниот сопруг и синовите.
Според штипската полиција, во семејната куќа во неделата навечер околу 19 часот 57-годишниот сопруг Ремзи Д. започнал расправија со двата сина, 28-годишниот Ѓ.Д. и 35-годишниот Т.Д. За време на расправијата во еден момент настанала и физичка пресметка меѓу таткото и едниот од синовите, по што синот паднал на земја и си ги повредил нозете.
На мајката која била потресена од семејните случувања и се слошило, но на пат кон болница, починала како последица од срцев удар. Смртта била констатирана од страна на лекар, а нејзиното тело му било предадено на семејството за погреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре