| четврток, 6 декември 2018 |

Екс министерот Антонио Милошоски играше оро во Јесенице

И покрај поразот од Босна и Херцеговина македонските фанови не паднаа психички, се фатија на оро во фан зоната.

Меѓу најактивните играорци беше екс министерот за надворешни работи и најверојатно иден амбасадор во Хрватска Антонио Милошоски.

Во видеото  Милошоски го изигра орото „Елено моме“ и уште неколку други ора а престана да игра откако музичарите почнаа да свират песни од Лепа Брена и други екс југословенски музичари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top