| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓе Иванов: покажавме дека оној што ќе издржи на искушенијата, ќе го оствари својот сон!

На свеченоста по повод 22 годишнината од осамостојувањето на Република Македонија, која се одржува во салонот на Македонската опера и балет, пред присутните се обрати Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

-Во историјата на една држава 22 години се само миг, но тоа е миг во кој се носат значајни одлуки: да бидеме истрајни и свои на своето. Без разлика на се покажавме дека оној што ќе издржи на искушенијата ќе го оствари својот сон. Патот беше трнлив, но издржавме. Денес им оставаме завет на нашите потомци да им бидат благодарни на оние што не  бодреа и поддржуваа, рече меѓу другото Иванов.

Заблагодарувајќи им се за странските дипломати во земјава кои не поддржуваат Иванов истакна:

Македонија памети и не заборава. Не само македонските ќерки и синови, туку и амбасадорите на странските дрѓжани кои не поддржуваа на нашиот пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top