Српскиот интернет портал Телеграф.рс денеска пренесува дека македонскиоте кошаркари по победата против Србија заминале на прослава во еден од Љубљанските ноќни барови.
Според порталот кој во живо ги следи сите натпревари на Србите и дневно лиферува по десетина вести од првенството шпекулира дека причина за поразот денеска е користењето на алкохол од страна на репрезентативците а во текстот се наведува дека во клубот тие дошле со хартиени кеси од Мекдоналдс со што српскиот портал сака да прикаже дека македонската репрезентација е несериозна.
Дел од српските новинари во Јесенице велат дека порталот телеграф.рс не треба да се смета за сериозен и дека ова можеби е обид на медиумот да се внесе нервоза во македонската репрезентација која што уште може еднаш да се сретне со Србија доколку успее да влезе во понатамошната фази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.