| четврток, 6 декември 2018 |

Сидни Хералд: Поранешниот македонски амбасадор Стојановски лажел дека боледува од рак

Pero Stojanovski

Перо Стојановски

Сиднеј морнинг хералд во денешното издание пишува за деталите од судскиот процес кој самиот амбасадор го покрена против неговата поранешна љубовница Лидија Диумбалоска, процес кој доживеа целосен пресврт благодарејќи на доказите кои биле презентирани во судницата, а кои најдобро го илустрирале кредибилитетот на поранешниот македонски амбасадор во Канбера.Поранешниот македонски амбасадор во Австралија живеел живот на лаги и измами, ги лажел членовите на неговата заедница дека бил болен од рак и така се обидувал да собере голема сума на пари за операција која воопшто не била потребна.

lidija dumbaloska

Лидија Думбалоска

Ова било кажано на судскиот процес на поранешниот македонски амбасадор во Австралија Перо Стојановски, што тој го покренал против неговата поранешна љубовница Лидија Думбалоска, пренесува весникот Сиднеј морнинг хералд.

Во обвинувањата за однесувањето на Перо Стојановски, амбасадор во Канбера се до 2011 година, се наведува и тоа дека „тој користејќи ја својата позиција како амбасадор ја придобивал довербата и почитта од луѓето“, по што преку измама се стекнувал и со одредени финансиски бенефиции.

Прашањето за кредибилитетот на Стојановски неделава се покрена во Врховниот суд на судењето на неговата поранешна партнерка од Сиднеј, Лидија Думбалоска, која беше обвинета од поранешниот амбасадор за провала во неговиот дом, за кражба на неговиот службен лап-топ и за уцена.

Но Врховниот суд ги одби обвинувањата уште пред процесот и официјално да почне. Адвокатот на Думбалоска Рик Митри пред судот изјави дека има еден куп докази и сведоци кои ќе дадат изјави за однесувањето на Стојановски.

Стојановски и Думбалоска во Канбера биле познати како двојка кои живееле заедно и редовно присуствувале на официјални собири. Думбалоска секаде била претставувана како негова партнерка. Тие биле во врска се до декември 2010 година кога Думбалоска влегла во неговата куќа од која имала и клуч и „видов некои работи во неговиот лап-топ кои ме праплашија до смрт“. Тој инцидент потоа доведе и да се отвори овој судски случај.

Однесувањето на Стојановски потоа, со повикувањето на полицијата и обвинувањето дека Думбалоска провалила во неговата куќа и дека го украла службениот лап-топ во кој имало и државни материјали всушност бил резултат не неговиот очај да се прикрие она што навистина имало на неговиот лап-

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top