| четврток, 6 декември 2018 |

Албански актер од Струга порачува од САД: Војната за голема Албанија не е завршена

Фото: Џон Мареј

 

Албанскиот актер Џевад Лимани роден во Струга а сега живее американската држава Конектикат испрати јавни

закани до Македонија.

Говорејќи на манифестација по повод Денот на трудот на албански фестивал во Вотербороу, Лимани во неколку

наврати рекол дека Албанците во Македонија се репресирани од Славомакедонците а потоа и отворено се заканил дека Војната на албанците не е завршена.

Според него со помош на САД албанците сонуваат за Албанско единство.

„Ние имаме еден јазик, едно знаме, и ние сакаме да живееме во една земја – Албанија која никогаш нема да

исчезне“, рекол Лимани во своето обраќање пречекано со овации од присутните.

 



			
							
			   
















Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top