| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт департмент загрижен за Албанските борци во Сирија

Американскиот Стејт департмент строго го осуди заминувањето на борци од Балканот во Сирија, нивното регрутирање на верска основа и приклучувањето кон бунтовничките сили, пренесе МИА од Вашингтон.

albanci sirija– Имаме постојан и конструктивен дијалог со низа држави околу овие причини за загриженост, вклучително во балканскиот регион. Општо земено, остануваме длабоко загрижени од верски мотивираното насилство од било кој вид во Сирија, независно од која страна доаѓа и од каде доаѓаат борците. Ќе продолжиме да ја притискаме меѓународната заедница и луѓето кои го прават ова да запрат, бидејќи не е во интерес на сирискиот народ. Во нашите разговори со умерените политички и воени лидери, ја повикавме опозицијата да го отфрли токму овој вид на насилен екстремизам и да ги изолира овие групи, со цел да се спречи вкоренувањето на нивната идеологија и секако, да обезбедиме таа идеологија да не се пренесе на други места во регионот. Веќе имаме ужасно прелевање на насилството во места како Либан и Ирак и тоа останува прашање кое не загрижува, изјави портпаролката на Стејт департментот Мари Харф.

Косовските медиуми пренесуваат за десетина Албанци убиени во Сирија, додека од Македонија се смета дека во Сирија најмалку тројца етнички Албанци од Македонија биле убиени. Според исламистички интернет страници, кои ги следат борбите во оваа земја, вкупниот број на Албанци од Балканот кои се борат во граѓанската војна во оваа земја го проценуваат на околу 150.

Изминатите денови составот и активностите на герилските сили кои се борат против Асад станува водечка тема во САД, по информациите за нивните напади врз христијански села, како и ладнокрвното стрелање на седум заробени сириски војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top