| четврток, 6 декември 2018 |

По 30 дена притвор за Кили и Мио

Откако утрово беше уапсен во Визбегово, истражниот судија попладнево му одреди триесетдневен притвор на актерот Кирил Поп Христов-Кили. Мерка притвор е изречена и против неговиот брат Владимир, кој во моментов се наоѓа во Грција.

Против двајцата е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

МВР соопшти дека во подрумот од куќата на нивната мајка во Визбегово (ВИДЕО) во две специјално подготвени и опремени простории пронајдени се и запленети 80 саксии во кои имало насади од растението „канабис сатива“. Според нив, се работи за марихуана со висок квалитет, одгледувана во посебни услови, од специфичен вид на семки која се карактеризира со низок раст и формирање поголем цвет каде концентрацијата на тетрахидроканабинол е поголема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top