| четврток, 6 декември 2018 |

Планови на Субрата Рој: Супемодерна млекарница и фарма, потоа регионален млечен центар

subrata-roj

Претставници на „Сахара Пјур“ денеска го презентираа мастер планот за проектот „Сахара млекарница во Македонија“.

Според овој план следната година ќе започне и изградбата на модерната енергетско ефикасна млекарница со модерна фарма со современ систем на молзење и напредна технологија за надгледување на сточниот фонд.

Целиот проект ќе биде во соработка со општините кои се зафатени со него, како и со постојана размена на информациите со Министерството за земјоделие во текот на спроведување на проектот.

„Сахара Груп“ во следните три години ќе изгради регионален млечен центар, инвестиција вредна 211 милиони евра, каде ќе се вработат над 2.000 лица и изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.

Во тимот на „Сахара Пјур“ се експерти од Европа, САД и од Саудиска Арабија кои работат со години на вакви фарми и имаат големо искуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top