| четврток, 6 декември 2018 |

Хит-сладолед „фејсбук“ по хрватските плажи

Со вкус на гума за џвакање и бонбони, сладоледот наречен „фејсбук“ создаден во Хрватска, доби пофалби дури и еден од најчитаните светски медиуми „Хафингтон пост“. Според нив браќата Адмир и Идо Адили се генијалци што создале една од најдобрите иновации во прехранбената индустрија.

Браќата Адили се сопственици на слаткарница на хрватскиот остров Муртер, воедно и итреци, кои итро помешале сладолед од ванила со син прелив. И така сладоледот „фејсбук“ стана вистински хит меѓу туристите.

– Имајќи предвид што Адмир и Идо не му побараа дозвола на Марк Цукерберг за користење на името и на логото на „Фејсбук“, нивниот следен сладолед би можел да се вика „кршење на авторските права“ – се шегуваат во „Хафингтон пост“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top