Познатиот актер Кирил Поп Христов – Кили утринава бил уапсени поради нелегално поседување дрога. Според неофицијалните информации, актерот бил фатен со поголемо количество наркотични средства.
МВР ја потврди информацијата и најави повеќе детали во текот на денот. Воедно потврди и дека е испратена потерница по братот на актерот, но не потенцираше за кој брат на Кили се работи.
Неофицијално тој во подрум одгледувал марихуана. Имал 80 саксии, а дрогата подоцна ја препродавал.
Ова не е првпат актерот да биде приведен. Тој во 2009 година одлежа затворска казна во Истражниот затвор Скопје во Шутка во трање од три месеци за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци.
Неодамна во едно интервју на прашањето Зошто не сакаше порано да излезеш од затворот Шуто Оризари, иако тоа ти беше понудено?, Кили одговори:
– Да ја довршам фонтаната. Правев едно уметничко дело, огромна преубава фонтана во паркот на таа културна институција на која сум страховито горд како функционира. Можеш да замислиш колку мене ме усреќува и исполнува и значи што гледајќи во тој наш заеднички производ, производ со затворениците они пронајдоа волја. Директорката имаше доверба да ни дозволи да го направиме тоа и фонтаната функционира беспрекорно и на неа сме сите ние горди. Вечно ќе остане како огромен споменик во таа институција. Јер вода е живот, камен е живот, биљката на каменот во вода е живот… Таа фонтана значи приказ на многу брзо излагање од таа институција. Прикажува и покажува дека, сепак, особата што е таму е таму да промени нешто во себе… Ако тоа тече и се мења, и они ќе се сменат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


