| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарите на протест, бараат оставка од Орешарски

Околу 2.000 демонстранти протестирале денеска пред бугарското Собрание барајќи оставка од Владата, предводена од социјалиститите, поради сомнителни врски во деловните кругови.

Помала група демонстранти се обиделе да влезат во парламентот, но полицијата брзо ги спречила во таа намера. Полицијата уапсила шест лица.

Демонстрантите во мирниот протест извикувале „оставка“ и „мафија“ на првиот ден по враќање на пратениците од едномесечниот летен одмор.

Во близина на парламентот паралелно бил одржан и контрамитинг на неколку стотина приврзаници на владата на премиерот Пламен Орешарски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top