Според информациите од Јесенице, бројот на македонски навивачи што пристигнале во текот на денот до 14 часот е далеку од бројот на навивачи што ги следеа репрезентативците во Литванија и во Србија, на последните големи натпревари на репрезентативците во кошарка и во ракомет.
Иако според најавите најголем дел од влезниците за натпреварите за македонската репрезентација во салата „Подмежакла“ во Јесенице се продадени, сликата од градот не го потврдува тоа.
Дури и во фан-зоната, каде што би требало да се собираат тие, има само дваесетина луѓе. Се очекува до почетокот на мечот, кој почнува во 17.45 часот, во Јесенице да пристигнат голем број од оние што се сместени во блиските градови или на Блед, но и тие што сѐ уште патуваат кон Словенија, со што репрезентацијата ќе има соодветна поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Балотели се враќа во италијанската репрезентација
-
Еден од клучните македонски ракометари се жали на повреда, ќе игра ли утре? (фото)
-
Македонците омилени муштерии во Загреб: Словенците доаѓаат за пет евра, нит јадат нит пијат – дајте повеќе Македонци!
-
Прасето „Ала Вујо Мајсторе!“ синоќа беше хит меѓу навивачите во Загреб