Три автомобила од државниот протокол на Црна Гора, кои биле во придружба на претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ, се судрија денеска во тунелот Врмац, кај Котор.
Подгоричките медиуми соопштуваат дека Јосиповиќ не бил во едно од тие возила, а на „мерцедесите“ е предизвикана материјална штета. До несреќата дошло кога едно од возилата од државниот протокол нагло запрело, по што дошло до вержен судир. Во несреќата нема повредени.
Јосиповиќ претходно во Тиват се сретна со Хрватите кои живеат во Црна Гора.
Хрватскиот претседател вчера допатува во дводневна посета на Црна Гора, за време на која се сретна со црногорскиот колега Филип Вујановиќ, премиерот Мило Ѓукановиќ и со претседателот на парламентот Ранко Кривокапиќ.
Хрватскиот претседател вечерва ќе допатува во Македонија, а в петок во Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.