| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на „Газпром“ во Македонија

Gruevski Miler Gasprom01 (Custom)Премиерот Никола Груевски се сретна со Алексеј Милер, претседател на „Газпром“, кој во Македонија ја предводи делегацијата на руската компанија. Македонија на 23 јули годинава потпиша договор со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот „Јужен тек“, преку кој ќе се обезбеди долгорочно снабдување на земјата со овој енергент. Македонија се вклучува со крак, а од каде тој ќе се протега треба да одлучи „Газпром“. „Јужен тек“ веќе почна да се гради, а планот предвидува до 2015 година да се изгради морскиот крак под Црно Море до Југоисточна Европа, а до 2018 година тој проект целосно да биде завршен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top