Во понеделник во 13 часот шефот на грчката дипломатија и вицепремиер ќе се сретне со медијаторот Метју Нимиц.
Кусо откако од кабинетот на специјалниот претставник на ОН соопштија за посетата во регионот, од грчкото МНР потврдија и ја најавија средбата на медијаторот со Евангелос Венизелос. Во текот на следните денови ќе се знае дали Нимиц ќе оствари средба и со грчкиот премиер, односно дали ќе ја посети премиерската палата, нешто што при последната посета на Атина не се случи. Наместо Нимиц да оди кај Самарас, Самарас ненадејно влета на средбата на медијаторот со тогашниот министер за надворешни работи Аврамопулос.
Веста за посетата на медијаторот објаснува зошто вчера Самарас и Венизелос на средбата во премиерската палата, меѓу другото разговарале и за Македонија. И тоа во период кога прашањето за името се држи ниско на агендата на грчката влада, особено по развојот на настаните во Сирија, но и пред посетата на тројката.
За надворешната политика, конкретно за Сирија, Египет и Македонија – разговарале, вчера Самарас и Венизелос на средбата во премиерската палата, според информациите од ПАСОК на грчката новинска агенција. На почетокот, присутен бил и заменикот МНР, Куркулас кој ги известил за прашањата поврзани со грчкото претседателство со европската унија, без да се откриваат дополнителни детали.
Средбата на двајцата коалициони партнери беше неколку часа по посетата на Ахмети на Атина, а помалку од 24 часа пред официјалното соопштение дека Нимиц на 9 и 11 септември доаѓа во Атина и Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.