Албанија во првото полугодие го надмина лимитот на проектираниот вкупен долг за 2013 година.
Во буџет стои дека годишниот долг ќе биде до 28,019 милиони леки, но во полугодишниот извештај се наведува дека само надворешниот долг достигнал 3,7 милијарди долари, иако на годишно ниво беше планираното тој да достиген 140 милиони долари.
Инаку, вкупниот јавен долг на Албанија во првото полугодие од годинава достигнал 871,538 милијарди леки или околу 8,7 милијарди долари. Тоа претставува над 63 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата.
Критичната граница, на која меѓународните финансиски интитуции предупредуваа дека не треба да се надмине е 60 отсто. Споредено со истиот период лани долгот бил зголемен за 43,557 милијарди леки или околу 430 милиони долари.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка неодамна излегоа со прогноза дека БДП на Албанија оваа година се очекува да се зголеми за 1,8 отсто. Тие и препорачуваа на новата Влада да се придржува кон фискалните норми и да соработува за зачувување на финансиската стабилност во Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


