| четврток, 6 декември 2018 |

Симоновски се враќа во старото јато

simonovski

Марко Симоновски, привремениот репрезентативец на Македонија, е новото засилување на кошаркарскиот клуб Работнички.

Тој во текот на денешниот ден ги договорил личните услови со управата на тимот, која треба да биде конституирана по изборното собрание, кое е закажано за 4 септември. Тогаш ќе биде потпишан и договорот со одличното засилување за клубот.

По Соколов и Брчков, Симоновски е третиот кошаркар кој потпишува со клубот од Градски парк. Сите тројца играчи веќе соработувале со тренерот Емил Рајковиќ во екипата на Фени индустри.

Од клубот најавуваат дека ќе се засилат со двајца странски играчи на позицијата плејмејкер и центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top