| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со измени и дополнувања на меморандумот за интеграции

sobranie-12.jpg50000000СДСМ изготви измени и дополнувања на меморандумот за евроинтеграции предложен од ВМРО-ДПМНЕ, кој е составен дел на мартовскиот договор.

Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ, по состанокот на работната група за препораките од извештајот на Kомисијата за 24 декември, изјави дека и покрај нивните забелешки на меморандумот, во најкраток рок може да се организира и негово потпишување.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, пак, истакна дека меморандумот и исходот од работната група може земјава да ја врати во колосек.

– По однос на меморандумот не гледам ништо спорно и мислам дека кој било политички актер во РМ кој сака да придонесе за членство во ЕУ нема никаков изговор да не го стори веднаш. Се надевам дека и останатите неколку точки ќе можеме да ги реализираме за да имаме целосно позитивна слика во претстојниот октомвриски извештај на ЕК – изјави Попоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top