| четврток, 6 декември 2018 |

Пекинг ограничува возила поради загадувањето

pekingПекинг го претстави новиот пакет мерки со кои настојува да се справи со загадувањето на воздухот кој, буквално, ги задушува неговите жители. Мерките опфаќаат ограничување на бројот на возила на улиците и затворање или надоградба на погоните на 1.200 компании.

Властите во Пекинг веќе се обидоа на различни начини да стават крај на смогот кој го прекрива градот, од затворање фабрики до голем проект за изградба на подземна железница, но без голем успех. Со најновите мерки планираат да го намалат уделот на опасни честички во воздухот на барем 25 проценти до 2017 година.

Властите најавија дека на компаниите што го прекршуваат законот за животна средина ќе им биде забрането да добиваат банкарски заеми и да собираат средства преку иницијални јавни понуди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top