Русија испрати разузнавачки брод во источниот дел на Средоземно Море, додека Соединетите Американски Држави се подготвуваат за можна воена интервенција во Сирија.
– Разузнавачкиот брод „Пријазовје“ доцна синоќа ја напушти воената база на руската морнарица во украинското пристаниште на Црно Море, Севастопол, и тргна во мисија за собирање информации на области на можна ескалација на конфликти – изјави неименуван извор од руската армија.
Руското Министерство за одбрана одби да ги коментира овие информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.