| четврток, 6 декември 2018 |

Царината не дава бумбар да прелета

Гевгелиските цариници откриле 240 непријавени бумбари за запрашување, вчера попладне јавија од Царината.

Бумбарите биле откриени во комбе со македонски таблички. Покрај пријавените 3.600 бумбари за опрашување растенија, (60 кутии по 60 бумбари), пронајдени биле и 240 непријавени бумбари (4 кутии по 60).

bumbari

Како што соопшти Царинската управа, непријавените бумбари се одземени и предадени во надлежност на Агенцијата за управување со одземен имот. Во тек е постапка за нивно отстапување на Факултетот за земјоделски науки и храна.

За пријавените 3.600 се уште не е обезбедена потребната дозвола од Ветеринарниот институт поради што се задржани во испоставата.

Бумбарите, наменети за фирма увозник од Скопје,  се користат за опрашување растенија во пластеници за побрз процес на производство на зеленчук. Се транспортираат во специјални картонски кошници. Во секоја кошница има по 60 бумбари доволни за опрашување еден поголем стакленик. Порано производителите за оваа намена ги корсителе медоносните пчели, вршеле рачно опрашување или употребувале хемикалии, зависно од културата. Сите овие методи имаат многу недостатоци, па затоа опрашувањето со бумбари е најприроден и најбрз процес. При увозот е потребна дозвола  која се вади на влез во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top