| четврток, 6 декември 2018 |

„Сандеј мејл“: Велика Британија и продаваше хемиски супстанци на Сирија

Razuranata Sirija od Makedonski objektiv 4

Шкотскиот весник „Сандеј мејл“ објави дека Велика Британија се до почетокот на годината и продаваше на сирија хемиски супстанци, кои се користени за производство на хемиските бомби.

 

Весникот наведува дека британската Влада дала дозвола во Сирија да се извезуваат такви материјали.

– Постојат релавантни податоци кои покажуваат дека Велика Британија се до почетокот на 2013 година не го запрела извозот на калиум хлорид и натриум хлорид за Сирија, посочува „Сандеј мејл“.

Весникот истакнува дека договорите за извоз на хемиски средства во Сирија важеле се до јануари 2013 година, кога Европската унија донела одлука да воведе поригорозни санкции против режимот на претседателот Башар ал Асад.

– Дел од британските пратеници очекуваат премиерот Дејвид Камерон да објасни зошто Велика Британија се до јануари годинава не го запре извозот на сомнителни хемиски средства во Сирија, пишува „Сандеј мејл“.

Во меѓувреме „Сандеј телеграф“ објави дека британските специјални сили испратиле свои членови во Сирија за да соберат разузнавачки податоци за хемиското оружје.

– Операциите на специјалните сили продолжуваат и покрај тоа што британскиот Парламент се изјасни против британско учество во нападот врз сириски цели. Припадници на британските военовоздухопловни сили се обидуваат да ја утврдат местоположбата на хемиските арсенали во Сирија, пишува „Сандеј телеграф“.

Весникот посочува дека од канцеларијата на Камерон појасниле дека гласањето во Парламентот не ја исклучува понатамошната британска-американска соработка во областа на разузнавањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top