| четврток, 6 декември 2018 |

Чува ли Народниот музеј во Белград украдени дела?

VollardТри наследнички на Амброаз Волар, француски тровец со уметнички дела, веруваат дека во Србија се наоѓа дел од неговото наследство, односно украдени слики кои исчезнале за време на Втората светска војна. Сестрите Луиз, Асунта и Естел го пријавиле случајнот во француската полиција и бараат да се вратат 429 слики кои наводно се чуваат во подрумот на Народниот музеј во Белград. Меѓу уметничките дела за кои сестрите твдрат дека се укардени се слики, цртежи и скулптури од Едгар Деага, Пол Гоген, Анриј Матис, Клод Моне, Огист Реноар.

Трите сестри кои се во своите педесети години, тврдат дека овие дела некогаш биле огромна колекција во сопственост на Амброаз Волар кој во 20 век бил еден од најголемите трговци на уметнички дела. Волар загинал во сообраќајна несреќа во 1939 година, а дел од неговата колекција е префрлена на чување кај Југословенот, Ерих Шломовиќ, кој е убиен во концентрационен логор, па оттогаш се губи трагата на делата.

Сестрите тврдат дека Народниот музеј илегално држи 429 слики од 1949 година. Тие во 1996 година го добија спорот по повод други 190 слики од колекцијата на Волар, кој Шломовиќ ги оставил во Париз. Изненадени од овие обвинувања дека во Народниот музеј се наоѓаат украдени дела, првите луѓе на музејот истакнаа дека сите дела во нивните збирки се во законска сопственост на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top