Опозицијата треба да му се извини на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за се она што му го направи на 24 декември, изјави денеска премиерот Никола Груевски, коментирајќи ги барањата на СДСМ и другите опозициски парламентарни партии за оставка на првиот парламентарец.
– Ако малку има доблест, опозицијата треба да му се извини на претседателот на Собрнието Трајко Вељаноски за тоа што му го правеше во Парламентот, за стресот што го доживеа на 24 декември, за обидот за спречување на неговото работење, нападот на некој начин или обидот за напад. Тоа е најдоблесно што би можеле да го направат, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер


