Над 614 илјади корисници на Фејсбук ќе добијат оштета од компанијата, затоа што нивните податоци се појавиле во оглас на социјалната мрежа без нивна дозвола. Компанијата овој луксуз ќе ја чини вкупно 20 милиони долари, а речиси половина од нив ќе бидат исплатени поединечно – по 15 долари за секој оштетен.
Имињата и фотографиите на милиони корисници на оваа популарна социјална мрежа биле користени во кампања „Спонзорирани приказни“ (Sponsored Stories), но само оние кои одговориле на своите мејлови за компензација ќе добијат пари. Исто така оштета ќе им биде исплатена и на разни организации кои се борат за приватноста на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


