| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија ја засили реториката: војската го држи прстот на окинувачот!

Сириската војска е во целосна подготвеност и го држи прстот на окинувачот, чекајќи да се соочи со секој предизвик или сценариот кое сакаат да го изведат, се вели во писмената изјава на премиерот на Сирија, Ваел Ал-Халки.

Дамаск ја засили реториката во моментот кога целиот свет чека да види дали САД и останатите ќе одлучат да ја нападнат Сирија во знак на одмазда за, како што се вели нападот со хемиско оружје.
Неколку часа по изјавата на премиерот, еден неименуван службеник на сириските сили на одбраната за AFP изјавил дека Сирија очекува нападот да биде изведен секој момент и властите се подготвени да возвратат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top