| четврток, 6 декември 2018 |

Колку лесно може да си го расипете угледот на интернет

 

 

Има легендарни гафови кои станале атракција на интернет, па затоа е добро да внимавате што точно пишувате и споделувате на Интернет, затоа што тоа само една таква грешка и можете да го изгубите вашиот углед.

Еве неколку интересни примери кои можат да ве научат што не треба да правите на Интернет, за да си го зачувате угледот.

Не објавувајте на целиот свет дека ви е досадно.

Еден нов вработен, споделил на својот Facebook профил дека умира од досадна на работното место. Никогаш не ја правете таа грешка, затоа што на Интернет постојано Ве гледаат, не само Вашите колеги, но и сите останати луѓе во светот. Овој човек како резултат на неговата искреност, бил отпуштен од работа со појаснување дека компанијата не сака да му го губи времето со работа која очигледно не му се допаѓа. Затоа гледајте ваквите коментари да ги зачувате за себе, ако сакате да останете на работа.

Не пишувајте блогови на несоодветни теми дури и анонимно

Ако започнете да пишувате личен блог, вашите колеги ќе разберат дури и ако се трудите да го скриете. Токму затоа добро е да внимавате за што точно пишувате, затоа што сигурно има барем една тема која ќе биде деликатна за некој ваш колега. Ако пак пишувате за вашето хоби, прегледајте ги правилата за работа во вашата компанија, за да не ја загрозите вашата професионална положба.

Не правете расистички или невкусни забелешки

Тоа можеби е највидливиот начин, со кој можете да се засрамите или да изгубите вредни позиции. Има многу луѓе кои прават расистички или други невкусни забелешки и после се отпуштени од работа анонимно. Тоа не значи дека не треба да си го кажете вашето мислење, но добро би било да не објавувате навредливи изјави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top