| четврток, 6 декември 2018 |

Србија ќе има најкул министер за култура

Како кандидат на Српската народна странка, Иван Тасовац, сегашниот директор на Белградската филхармонија најверојатно ќе биде новиот министер за култура на Република Србија.

Човекот со најоткачената фризура и остар јазик, пошироката јавност на Балканот го знае како член на жирито на „Јас имам талент”.

Она што помалку се знае за него е тоа што станува збор за професионален пијанист кој првиот јавен настап го имал на шест години, образован во конзерваториумот „Чајковски” во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top