Тие истакнаа дека бродот„USS San Antonio” со неколку стотици американски маринци ќе биде испратен во тој регион од други причини и дека не постои план маринците да се испратат на копно во рамките на евентуална акција против Сирија.
Американската морнарица вообичаено има три разорнувачи во Медитеранот, но сега има два дополнителни поради ситуацијата во Сирија.Секој од овие разорнувачи има околу 40 ракети „томахавк“, односно вкупно 200.
Сирија очекува секој момент да биде нападната, барем според изјави неименуван претставник на сириските безбедносни служби. Тој вели:
– Ние очекуваме агресија секој момент и сме подготвени да одговориме на истата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.