| четврток, 6 декември 2018 |

Секс-терор: Шесте сопруги ги задоволувал до смрт

 

Uroko-Onoja-2

Уроко Оноја од Нигерија, богат деловен човек, починал откако до смрт го силувале шесте негови љубоморни сопруги.

Кога се вратил од работа дома веднаш тргнал во собата на својата најмлада сопруга, која воедно му била најмила. Но, таму го дочекала заседа. Неговите пет бесни сопруги скокнале на него и со закана на нож го присилиле на секс.Тој почнал да ги извршува брачните обврски со секоја од сопругите по ред, една по една, но кога стигнал до петтата престанал да дише.

Најмладата сопруга на полицијата и рекла дека нејзините сопернички побегнале во шума кога сфатиле што се случило. Две од нив веднаш биле фатени и приведени под сомнение дека својот сопруг го „силувале до смрт“.

Случајот ги потресе жителите кои го опишуваат како добар човек кој многу направил за нивната заедница.

Сега ќе служи за пример дека наеднаш да се има 6 сопруги е опасно по живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top